Во деновите кога спортистите од целиот свет освојуваат медали, од кои некои ги освојуваат и првите за нивните земји, не можеме а да не се потсетиме на најодликуваниот олимпиец на сите времиња, познат како „Балтиморски куршум“, Мајкл Фелпс.
Со импресивни 28 олимписки медали, од кои 23 златни, ги надмина 162-те земји кои испраќаат свои спортисти на најголемиот спортски настан познат како Олимписки игри.
Севкупно, Фелпс има 71 медал во сите области на натпреварувања: 57 златни, 11 сребрени и три бронзени. Меѓутоа, неговата пливачка кариера започнала сосема случајно. Неговата мајка решила да го запише на пливање кога имал само седум години, а единствена цел и била да научи да плива. Во шесто одделение му било дијагностицирано нарушување на вниманието и хиперактивност (АДХД), но тоа не го спречило да стане најуспешниот пливач во историјата.
Фактот дека Фелпс дебитирал на Олимписките игри во 2000 година во Сиднеј кога имал само 15 години е можеби најдобар показател за каков спортист се работи. Тогаш не освоил ниту еден медал, но потоа се станало историја. И покрај бројните награди и крајот на кариерата, се уште важат 11-те рекорди кои ги поставил.
Ова е причината зошто најдобриот пливач на сите времиња го добил прекарот „Балтиморски куршум“.

