„Ја побарав топката, бидејќи знаев дека ќе погодам“.
Шарлот на 17 февруари 2001 година гостуваше кај Милвоки.
Седум десетинки од секунда пред крајот на третата четвртина, гостите водеа 73:67.
По примањето на поените, центарот на Хорнетс, Џамал Меглор, ја изведе топката под својот кош и, само за да го потроши времето, му ја додаде на првиот играч покрај него, плејмејкерот Барон Дејвис, кој беше оддалечен само неколку метри…
Но, Дејвис ја сфати ситуацијата сериозно. Иако пред него стоеше противничкиот играч Линдзи Хантер со намера да го спречи, Дејвис со методот „камен од рамо“, со една рака ја фрли топката… И, додека целата сала со неверување го следеше нејзиниот пат, тој погоди!
По натпреварот – кој заврши во корист на Шарлот (103:93) – се утврди дека Дејвис ја испратил топката од 89 стапки, односно 27,12 метри, со што го сруши рекордот на НБА.
„Ја побарав топката, бидејќи знаев дека ќе погодам“, тврдеше Дејвис по мечот.
Неговиот соиграч Џамал Мешбурн го потврди тоа.
„Ја побара и рече дека ќе успее.“
Дали имало намера, е помалку важно: и 22 години подоцна, Дејвис е единствениот НБА кошаркар кој постигнал кош од поголема далечина од 84 стапки (25,6 метри).

